ОВАА НИЗА БИ МОЖЕЛА ДА ПРОДОЛЖИ И В НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ

Продолжува фантастичната серија на Македонија без пораз!

Триумф на Македонија на отворањето од УЕФА Лигата на нации на гостувањето кај Гибралтар со резултат 0:2 во рамките од групата 4 на патот кон пласман на Европското првенство 2020. година.

објавено: 7 септември 2018 - 10:30

Стрелци на погодоците во првата победа на „црвено-жолтите" во последната Лига Д беа Иван Тричковски (погодок после пет години во националниот сениорски дрес) и Езџан Алиоски.

Сега следува вториот дуел за избраниците на селекторот Игор Ангеловски в недела од 18:00 часот против Ерменија на „Филип Втори" Арената во Скопје.

Она што исто така радува е одличната серија на Македонија без пораз, односно последен пат загубивме на 11. јуни 2017 год. дома од Шпанија минимално со 1:2.

После тој меч за мундијалските квалификации досега во осум натпревари имаме учинок од четири победи и четири нерешени средби.

2. септември 2017 год. Израел-Македонија 0:1
5. септември 2017 год. Македониа-Албанија 1:1
6. октомври 2017 год. Италија-Македонија 1:1
9. октомври 2017 год. Македонија-Лихтенштајн 4:0
11. ноември 2017 год. Македонија-Норвешка 2:0

23. март 2018 год. Финска-Македонија 0:0
27. март 2018 год. Азербејџан-Македонија 1:1
6. септември 2018 год. Гибралтар-Македонија 0:2

Нашите најдобри фудбалери имаат шанса да ја продолжат оваа одлична низа, до крајот на годината имаме уште пет средби од Лигата на нации. На 9. септември дома против Ерменија, на 13. октомври дома против Лихтенштајн, потоа на 16. октомври гостуваме кај Ерменците. На 16. ноември гости сме на Лихтенштајн во Вадуц, а завршуваме со Гибралтар.

Најново во Фудбал