МЕЧ НА КАРИЕРАТА

ИСТОРИЈА ЗА ЈАПОНИЈА: Осака ќе игра во финалето на Њујорк

Јапонската тенисерка Наоми Осака се пласираше во финалето на УС Опен откако ја победи ланската вицешампионска Медисон Кис со 2:0 во сетови.

објавено: 7 септември 2018 - 08:45

Наоми Осака е новата јапонска тениска царица. Оваа девојка стана првата јапонка во историјата која ќе игра на еден финален натпревар од еден Грен слем.

Во овој случај на отвореното првенството на САД, кое се игра во Њујорк...
Осака, како 19. тенисерка на светот, во полуфиналето на турнирот во Големото Јаболко ја победи пет места подобро рангираната Наоми Кис со резултат (6:2 и 6:4), после час и 27 минути игра.
Оваа 20 годишна тенисерка чија мајка е Јапонка, а татко од Хаити го одигра својот веројатно и најдобар меч во кариерата, а во кој спаси дури 13. брејк топки.
Противничка во финалето ќе и биде големата фаворитка Серена Вилијамс

Најново во Други спортови