ОД ШЕСТ МЕЃУСЕБНИ СРЕДБИ ИМАМЕ ДВЕ ПОБЕДИ

Се радувавме пред 13-14 години: Пандев го знае „рецептот“ за Ерменија!

Досега овие селекции шест пати се сретнале, двапати ремизирале и забележале по две победи.

објавено: 7 септември 2018 - 15:40

Македонија својот последен, но и досега единствен триумф на домашен терен против Ерменија го имаше пред 14. години, поточно на 18. август 2004. година кога во рамките од квалификациите за СП 2006 триумфираше со 3:0.

Стрелци на головите во таа победа беа Горан Пандев во петтата, Артим Шаќири во 37-та и Величе Шумуликоски во 90. минута од средбата. Тоа беше единствената победа против Ерменците на домашен терен.

Во истиот циклус на квалификации го имавме и вториот триумф, поточно во Ереван каде што славевме со 1:2, победата за „црвено-жолтите" ја донесе Пандев кој двапати се запиша во листата на стрелците, еднаш од пенал во 29-та и во 47. минута.

Седмиот меѓусебен дуел ќе се случи в недела (9. септември) во рамките од второто коло од Лигата на нации во Скопје од 18:00 часот на „Филип Втори" Арената, битка која ќе биде многу важна на патот кон ЕУРО 2020.

Повеќе информации околу цените на влезниците за тој меч можете да дознаете ТУКА

-ДОСЕГАШНИ НАТПРЕВАРИ ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ЕРМЕНИЈА-

Квалификации за ЕП 1996

10. мај 1995 Ерменија-Македонија 2:2 (Григорјан 23', Шахгделдјан 50'/Христов 60', Марковски 69')
6. септември 1995 Македонија-Ерменија 1:2 (Мицевски 10'/Григорјан 61', Шахгделдјан 78')

Квалификации СП 2006

18. август 2004 год. Македонија-Ерменија 3:0 (Пандев 5', Шаќири 37', Шумуликоски 90')
4. јуни 2005 год. Ерменија-Македонија 1:2 (Манучарјан 55'/Пандев 29' пенал, 47')

Квалификации за ЕП 2012

7. септември 2010 Македонија-Ерменија 2:2 (Ѓуровски 42', Наумоски 90+6' пенал/Мовсисјан 41', Манучарјан 90+1')

7. октомври 2011 Ерменија-Македонија 4:1 (Пицели 28', Мхитарјан 34', Газарјан 69', Саркисов 90+1'/Шиков 86')

Најново во Фудбал