НАЈВИСОКА КАЗНА ОД ВАКОВ ТИП

Тренер суспендиран на пет месеци за навреда на новинар

Франција не памети слична казна за вакво дело

објавено: 8 септември 2018 - 11:15

Тренерот на Лавал Франсоа Циколини е суспендиран на пет месеци поради навреди кон новинар по лигашки натпревар, потврди Дисциплинската комисија на Француската фудбалска федерација.

По поразот од Булоњ на 10 август, новинарот сакал да му постави прашање на тренерот околу неговиот избор на тактиката. А Циколини навреден од тоа што му се мешаат во работата му се заканил на новинарот со ќотек.
„Ти ли ќе ми кажуваш што да работам. Ако ти ја треснам една преку муцката... Подобро ќе ти ја напикам главата во задникот", биле зборовите на тренерот кон новинарот.

Клубот првично се обидел да го обвини новинарот за инцидентот поради поставување на прашање надвор од протоколот пропишан од ФФ на Франција, меѓутоа дисциплинците го презедоа случајот и донесоа пресуда.
Во меѓувреме Циколини му се извини на новинарот, со зборовите дека "не размислувал што зборува во тој момент".

Најново во Другата страна на спортот