ЧУДНИ СЕ ПАТИШТАТА ГОСПОДОВИ

Во 2014 ја молеше Серена за селфи, а сега ќе игра финале против неа

Финалето на УС Опен 2018 е Серена Вилијамс - Наоми Осака

објавено: 8 септември 2018 - 10:45

Серена се најде во шанса да го изедначи рекордот на Мартарет Корт која има 24 Гренд слем титули во поеднинечна конкуренција. Американката се пласира во деветтото финале во Њујорк по триумфот над Анастасија Севастова, а за трофејот ќе се бори со 20-годишната Јапонка Наоми Осака.

Осака прв пат во кариерата ќе игра финале на едно од четирите Гренд слем турнири, а оваа млада тенисерка во полуфиналето ја совлада Медисон Киз.

Исто така е интересно тоа што Осака пред само четири години ја молеше Серена, која и е идол, за заедничка фотографија. Тогаш Американката и ја исполни желбата на надежната тенисерка, а таа беше пресреќна. Сега е уште посреќна што ќе игра со нејзиниот идол во финале на еден Гренд слем турнир.

Финалето e вечерва од 22:00 часот.

Најново во Други спортови