СРБИНОТ СЕ ИЗНЕДНАЧИ СО ПИТ САМПРАС

Ѓоковиќ без милост, го збриша Нишикори за финале на УС Опен (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен, откако го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 3-0.

објавено: 8 септември 2018 - 08:15

Новак Ѓоковиќ со супериорна игра дојде до 15. триумф во 17. меѓусебен дуел до Јапонецот Кеи Нишикори, кој пак во ниту еден сет сериозно не му се закани на српскиот тенисер 6:3, 6:4, 6:2. Ноле му казажа финале на Хуан Мартин дел Потро, кој пак лесно мина, Рафел Надал поради повреда на коленото го предаде меч.

Ѓоковиќ утре ќе го одигра 23. Грен слем финале во својата кариера и ќе се обиде да дојде до 14. титула. Со пласманот во трката за трофејот на УС Опен, тој се изедначи на вечната листа со Пит Сампрас, кој исто така осум пати играл во финалето во Њујорк, зад нив се Федерер и Роџерс.

 

Најново во Други спортови