Во Аликанте од 18 до 23 септември

Македонските пинг-понгари на Европско првенство

Македонија ќе патува со тројца репрезентативци на престојното европско првенство во шпански Аликанте.

објавено: 9 септември 2018 - 09:00

Македонските репрезентативци Кико Станојковски и Филип Младеновски во машка конкуренција, и Амелија Уце во конкуренција на жени ќе ја претставуваат Македонија на европското првенство во Аликанте, Шпанија, кое ќе се одржи од 18 до 23 септември.

Македонските репрезентативци ќе бидат предводени од тренерот на репрезентацијата, Филе Матевски. На 16 септември ќе биде одржана и ждрепката по која нашите преставници ќе ги дознаат и своите противници.

Во истиот временски период ќе се одржат конгресите на ЕТТУ и на Балканската пинг-понгарска федерација. На конгресите нашата федерација како делегат ќе ја претставува претседателот, Горан Тиловски.

Најново во Други спортови