ХРВАТСКА ЗАВИЕНА ВО ЦРНО

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 16 годишен боксер умрел после мечот, бадијала го „оживувале" повеќе од еден час!

Боксерскиот кадет од Славонски Брод починал од последиците на удар во текот на мечот.

објавено: 9 септември 2018 - 16:45

Со голема трагедија завршил традиционалниот боксерски турнир "Посавина опен Оџак" 2018.

Еден млад борец од Славонски Брод, кој учествуваал на овој турнир, преминал после мечот.
Момчето примило незгоден удар за време на мечот, меѓутоа никој не ни помислил дека може да дојде до една ваква трагедија.

„Ударот под градниот кош го прими за време на борбата. После тоа падна, но брзо стана и го продолжи мечот. По завршувањето тргна во ходникот и се онесвести. Лекарот веднаш одработи масажа на срцето. Го префрлија во Домот на здравје, и таму, наводно, примил адреналинска инјекција. Велат дека бил жив додека на границата го преземале лекарите од Славонски Брод" - откри за медиумите, лекарот од салата во која е одржан турнирот.

Лекарите се бореле за животот на младиот спортист, но не можеле да го спречат најлошото. Цели 65 минути, луѓето од итната медицинска помош на граничниот премин го реанимирале момчето, но за жал, помош немало.

Најново во Други спортови