Четирикратниот олимписки шампион има проблем со срцето

Мајкл Џонсон претрпел мал инфаркт

објавено: 9 септември 2018 - 13:15

Едно од највпечатливите имиња на светската атлетика, Американецот Мајкл Џонсон, претрпел мал инфаркт. Како што сам напиша на својот твитер профил, сега се чувствува добро.

„Минатата недела неочекувано претрпев минлив исхемичен напад или микроинфаркт. Добрата вест е дека сега сум дома со моето семејство, ги решив сите проблеми со моето срце и веќе постигнав голем напредок на патот кон целосно закрепнување", напиша Џонсон.

Американскиот атлетичар е четирикратен олимписки шампион со освоени златни медали на штафетните трки 4 х 400 метри (во 1992 година), на трките на 200 и 400 метри во 1996 година и во 2000 година исто така го освои златото на патеката од 400 метри.

Покрај тоа, Џонсон е осумкратен светски шампион. Спортистот ја заврши својата кариера во 2000 година.

Најново во Други спортови