И НАТАМУ БЕЗ ПРВА РАДОСТ

Металург поразен и во домашната премиера

Металург го забележа третиот пораз во СЕХА-лигата, на домашен терен беше совладан од Нексе со 32-27. 

објавено: 9 септември 2018 - 21:44

Ниту домашниот терен не беше доволен за да Металург дојде до првата победа сезонава во СЕХА-лигата. Бројните проблеми, пред се играчки, недостигот на ракометари во ротација, одново ги спречи момците од Автокоманда да се радуваат во домашната премиера, беа поразени од Нексе со 32-27.

Металург имаше сили само за првите 15. минути во кои и имаше водство (6-5, 7-6 и 8-7). Гостите најпрво дојдоа до два гола предност, а потоа на одморот заминаа со плус четири 12-16. До крајот немаа проблеми за да дојдат до нов триумф. 

Јагањац и Серафимов имаа по седум погодоци, на другата страна Баришиќ имаше осум гола.

 

Најново во Ракомет