НОВ ГОЛЕМ УСПЕХ НА НАШИОТ НАТПРЕВАРУВАЧ

Поп Ацев второпласиран на маратонот во Капри-Неапол! (ФОТО)

Македонскиот пливач настапи на трката во Италија (53. издание) како дел од серијата „Ultra Marathon Swim" што е под капата на Светската пливачка федерација (ФИНА).

објавено: 10 септември 2018 - 09:00

Евгениј Поп Ацев на маратонот долг 30 километри го освои второто место, зад победникот Франческо Гетини, а трет заврши Ларс Ботелиер (Холандија).

Поп Ацев оствари време од шест часа, 59. минути и 59. секунди, додека најдобриот имаше резултат од шест часа 56 минути и 11 секунди.

Во женска конкуренција славеше Барбара Поцобон од Италија (7:19.05 ч.), пред нејзината сонародничка Алис Франко, а трета е Аргентинаката Пилар Геихо.

Гетини кој славеше и на Охридскиот пливачки маратон им го посвети триумфот на загинатите во Џенова каде што вкупно 43 лица го загубија животот.

-РЕЗУЛТАТИТЕ ОД МАРАТОНОТ ВО КАПРИ НЕАПОЛ-

Најново во Други спортови