СРБИНОТ ВО ГОЛЕМ СТИЛ ДО ТРОНОТ, СЕ ИЗРАМНИ СО ПИТ САМПРАС

Фантастичниот Ѓоковиќ ја освои третата титула на „УС Опен“! (ФОТО+ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ стана по трет шампион на Грен слем турнирот во Њујорк. Србинот триумфираше со 6:3, 7:6 (4), 6:3 против Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) во финалето.

објавено: 10 септември 2018 - 01:59

Со неговиот успех, српскиот тенисер веќе има 14 титули во Гренд слем и се израмни со легендарниот Пит Сампрас (САД).

Сигурно двајцата тенисери влегоа во мечот. Сервисот беше перфектен, но во осмиот гем Дел Потро попушти. Иако имаше 40:0, Ѓоковиќ го одигра одлично останатиот дел од овој гем и дојде до брејк. Со сигурен сервис потоа и освојува првиот сет со 6:3.

Новак повторно влезе во вториот сет, имаше предност од 3:1, но следуваше нервоза во неговата игра и Дел Потро многу брзо го врати загубениот сервис. Победникот на вториот сет беше решен во тај-брејкот каде што популарниот Делпо направи неколку грешки, Ноле тоа го искористи за освојување на вториот сет со 7:6 за 2:0 во сетови.

Српскиот натпреварувач одлично влезе и во третиот сет. Поведе повторно со 3:1, но Дел Потро не се предаваше и дојде повторно до 3:3. Но, кога беше најважно следуваше пад на концентрацијата на Аргентинецот.

Ѓоковиќ во осмиот гем дојде до брејк, сервираше за меч, го доби третиот сет со 6:3 и го освои турнирот со убедливи 3:0.

Во меѓусебните средби сега Ѓоковиќ води со 15:4 против Дел Потро. Како што веќе спомнавме, ова е трета титула за Србинот освоена на УС Опен, севкупно има досега 14 во Грен слем титули во кариерата. Најмногу трофеи има освоено на Австралија Опен (шест), една на Ролан Гарос и четири на Вимблдон.

Најново во Други спортови