ПОРАЗОТ НЕ ГО СПРЕЧИ ДА СИ ЈА ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА

Пандев е светска класа, играч на Ерменија доби селфи (ФОТО)

По натпреварот во „микс зоната" несекојдневен настан. Ерменските фудбалери тагуваа за поразот, но еден од нив доби премија. Направи селфи со „Гранде Пандев".

објавено: 10 септември 2018 - 13:00

Репрезентативец на Ерменија ја искористи шансата да се фотографира со големиот Горан Пандев. Настанот се случи во „микс зоната" по натпреварот кога пред бројни новинари ерменскиот репрезентативец без да се срами го замоли Пандев дали може да „удрат" едно селфи. Капитенот е светска класа, му ја исполни желбата на младиот фудбалер.

Ваквите моменти се ретки, посебно кога некој противнички играч бара селфи со наш фудбалер. Тоа потврдува за големината на Горан Пандев кој е фудбалер од светска класа.

На пример ниту еден наш репрезентативец не потрча да се слика со Хендик Мкхтријан, играч на Арсенал а претходно беше и во тимот на Манчестер јунајтед. И тој е елита но не од рангот на Горан Пандев.

Најново во Другата страна на спортот