НЕ ГО ДАВААТ „ЛЕДЕНИОТ"

ПЕТИЦИЈА НА НАВИВАЧИТЕ: Кими да остане во Ферари!

Повеќе од 75.000 навивачи на Кими Раиконен ја потпишаа петицијата во која од Ферари се бара уште една година во своите редови да го задржи финскиот возач, а не на неговото место го донесе Шарл Лекрер.

објавено: 11 септември 2018 - 10:00

Во петицијата се наведува дека не постои оправдување за отказ на шампионот на светот во 2007 година и дека на италијанскиот тим му е потребен баланс покрај Себастијан Фетел.

„Исто така, Кими беше подобар од Фетел во неколку наврати, што покажува дека се враќа во форма, а неговото возење во Монца на тоа тврдење му дава кредибилитет" – се нагласува во петицијата.

Сепак, мали се шансите петицијата да има влијание кај челниците на Ферари, за кои се верува дека веќе ја донеле одлуката за замена за Раиконен. Се очекува официјалната потврда да дојде многу брзо, можеби веќе наредниот викенд кога се вози Големата награда на Сингапур.
Раиконен е најстариот возач во шампионатот. Следниот месец ќе наполни 39.години, а и понатаму е последниот шампион на Ферари.
Поради своето возење, а и однесување, затоа што сите го знаат како „Ледениот", поради игнорирањето на гламурот на Форнула 1, медиумите и спонзорските обврски, Кими е еден од најпопуларните во шампионатот во последните неколку години.
Се чини дека оваа година „омекна", попатно го подигна своето ниво на патеката, за што стигна потврда во Монца, каде стартуваше од пол-позицијата, а го освои и второто место.

Најново во Авто-мото