ДОСТА ПРОМЕНИ ВО ОДНОС НА ЛАНСКАТА КАТАСТРОФА

Пола селекција за Приштина ќе биде „нова"

Во доста изменет состав ќе патува Македонија на новата пресметка со селекцијата на Косово закажана за 13. септември во Приштина.

објавено: 11 септември 2018 - 12:00

За разлика од оној катастрофален меч одигран на 2. август, минатата година, Јорданчо Давитков води една доста поинаква селекција.

Пред се, во однос на тој меч во Приштина, во нашиот состав ќе нема неколку доста искусни кошаркари.

Во овој избор на Давитков ги нема Ѓорѓи Чековски, ниту пак Диме Тасовски, во комбинација не се ниту Марјан Јанески и Игор Пенов, а дефинитивно ќе го нема и Американецот со македонски пасош Џордан Теодор.
Иако е на списокот, во Приштина, многу извесно, нема да игра ниту Адем Мекиќ, инаку стартер на тој дуел во салата „Млади и спорт".
Во улога на стандардни репрезентативци во овие последни прет-квалификациски циклуси фигурираат Војдан Стојановски, Александар Костоски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бобан Стајиќ.
А нови имиња би требало да бидат, пред се Дамјан Стојановски (тогаш беше во периодот на рехабилитација), веројатно и Андреј Маслинко, кој би бил замена за повредениот Мекиќ на крилната позиција, секако и Дарко Соколов, кој ќе ја засили бековската линија, плус и Бојан Крстевски, кој ќе конкурира за онаа крилната, како и Андреј Магдевски.

Како што е познато, од вчера, во последен момент влета и Ричард Хендрикс, уште едно ново име во тимот кој во четврток навечер треба да ни доенсе радост од гостувањето во Приштина.

 

Најново во Кошарка