НЕ СТИВНУВААТ РЕАКЦИИТЕ

Пандев им приреди пекол на „ривалите“

Со одлуката Горан Пандев да влезе во играта за ФФМ, останатите конкуренти за престолот во „куќата на фудбалот" не спијат мирно.

објавено: 11 септември 2018 - 13:25

Во кој правец ќе одат работите во ФФМ по најавата на Горан Пандев дека по завршувањето на сезонава и обрските кон Џенова сака да седне на претседателската функција во ФФМ и да го изгасне „пожарот" во федерацијата? Ретко кога се случуваат вакви моменти по кои сите се свесни дека Горан Пандев со своето име и презиме е личноста за таа функција. Сега нема ниту мир кај останатите фудбалски работници кои себе си се гледаа на испразнетото место во ФФМ по заминувањето на Илчо Ѓоргиоски. Влатко Костов, Харалампие Хаџи Ристески и Вујадин Станојковиќ е триото кои е веќе влезено во кампања. Најавата од Горан Пандев секако дека им ги поремети плановите со оглед на тоа дека сите тројца се свесни што значи сето ова и дали ако дојде кандидатура од капитенот на националниот тим би требало некој да му застане на патот!?

ФУДБАЛЕРИТЕ НАВИВАА: „ИЛ ПРЕСИДЕНТЕ..."
Во Гибралтар по натпреварот со споменатата селекција атмосефрата во националниот тим беше на високо ниво. По средбата во автобусот со кој репрезентативците се превезуваа од стадионот до хотелот се случна громогласното скандирање на фудбалерите „Ил Пресиденте, Ил Пресиденте...". Стана јасно! Излезе интервјуто на Горан Пандев во „Спорт" и најавата дека сака да биде претседател на ФФМ. Таа негова одлука беше прославена повеќе отколку очекуваната победа над Гибралтар. Одмана немало толку позитивни емоции во националниот состав. Дел од играчите го прашале Пандев и за премија за победата (секако на шала).

ПРОЧИТАА ВО „СПОРТ" ПА ГО ПРАШАА
Членовите на УО на ФФМ кои беа во Гибралтар од „Спорт" ја дознаа желбата на Горан Пандев. Кај сите нив оваа одлука на капитенот донесе нови моменти. Ако до вчера имаа притисок да бидат за овој или за оној сега беа причично позитивни. Без да коментираат официјално и да си сопздадат проблеми дел од раководството на ФФМ најавија дека ијма простор да се чека Пандев до јуни и дека се среќни што таква големина има желба да ракопводи со федерацијата. Горан Пандев на аеродромот во Малага имаше и кус разговор со актуелниот вршител на претседателската функција Муамед Сејдини - Мети кој како и останатите е пшозитивно изненаден од ставот на капитенот.

 

Најново во Фудбал