ТОА ГО ВЕЛИ ЛИЧНО ТОЈ - ШЕКИЛ ОНИЛ:

Враќањето на Коби, најголем настан во историјата на спортот!

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант пред две години ја заврши својата играчка кариера, а во последно време срамежливо се зборува за евентуално враќање на „мамбата" на теренот.

објавено: 12 септември 2018 - 08:50

Четириесетгодишниот брајант, целата своја кариера, како што е познато, ја помина во клубот од Калифорнија. Во периодот од 1996 до 2016 година, освои и шет шампионски прстени.

А неговиот некогашен соиграч од ЛА Лејкерс, Шекил Онил, кој има три титули со „езерџиите", смета дека Брајант лесно би можел да се врати во акција и повторно да заигра во најсилната лига на светот.

„Сите знаат кој е Коби. Никој не може да каже дека тој и сега не може да одигра добри 15-20 минути. Ако одлучи да се врати со 40.години, тоа ќе биде најголемиот настан во спортската историја. Сите би зборувале за тоа, дресовите би се продавале три пати повеќе..." - смета еден од најдоминатните центри во историјата на НБА.

Шек оди чекор понатаму во размислувањата...

„Не би требало дури ни да игра одлично. Само да биде 15-20 минути на паркетот. Ако се врати, тоа ќе биде една од најубавите приказни во НБА историјата. Само ќе кажам дека Коби сака вакви работи"- убеден е Шек.

Неодамна, Лејкерси го ангажираа Леброн Џејмс, а шпекулациите за враќање на Брајант само дополнително ги разбудија страстите кај навивачите на една од најславните франшизи во НБА лигата.

Најново во Кошарка