ПИТЕР КРАУЧ ЗБОРУВА ЗА ЛОШИОТ МОМЕНТ ОД КАРИЕРАТА

Голгетерската криза ја решавал со пиво

Се присетува на времето кога настапуваше за Ливерпул и кога долго време немаше постигнато гол

објавено: 12 септември 2018 - 14:00

Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч сподели многу интересен метод за тоа како да некој да не мисли на голгетерската „суша". Во интервју за „Сандеј тајмс", Крауч се присетува на времето во Ливерпул кога во еден период преку 1200 минути немаше дадено гол. Тоа го „јадело" од внатре, му создавал притисок, а решението го наоѓал во пиење на пиво со татко му.

Тоа беше многу тежок период за мене. Престанав да купувам весници и да гледам телевизија, затоа што секаде пишуваше за тоа колку време немам дадено гол. По сите натпревари излегувавме со татко ми и пиевме пиво. Се смеевме и заборавав на тоа. Меѓутоа тоа траеше неколку дена. Доаѓам на тренинг и се запрашувам: 'Поѓаволите, уште немам дадено гол'", изјави Крауч.

Најново во Другата страна на спортот