„ЦРВЕНИТЕ ЃАВОЛИ“ СО 120 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ИТАЛИЈА

Манчестер Јунајтед ја откри првата новогодишна желба!

Како што информира „Калчормекато", премиерлигашот има намера во јануари да го ангажира напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала.

објавено: 12 септември 2018 - 14:30

Манчестер Јунајтед на португалскиот менаџер Жозе Мурињо сака да го засили составот во текот на следниот зимски преоден рок 2019.

Дибала стартуваше само на еден од три досегашни натпревари во италијанската Серија А во дресот на „Старата дама".

Тимот од „Олд Трафорд" ќе се обиде после Нова година да направи „бизнис" со италијанскиот шампион и му понуди 120 милиони евра за аргентинскиот интернационалец.

Најново во Меѓународен Фудбал