ТОЈ ШТО ДАВА ПАРИ НОРМАЛНО Е И ДА ГИ СКЕНИРА АКТИВНОСТИТЕ

УЕФА ги пегла „проблемите“ во ФФМ

Викендов во Скопје беше претставник од Нион кој ги даде насоките во кој правец да се движи изборот на новиот претседател во „куќата на фудбалот"

објавено: 11 септември 2018 - 16:00

Близок сосработник на Александар Чеферин од петокот па до денеска беше во Скопје и во посета на Фудбалската федерација. Претседателот на УЕФА и правните служби од Нион почнаа да ги пеглаат проблемите во Македонија со тоа што на в.д претседателот Муамед Сејдини - Мети му се дадени насоките во кој правец и како да функционира „куќата на фудбалот" до изборот на новиот претседател.

ФФМ остана без претседател откако на 19 јули Илчо Ѓоргиоски поднесе оставка а хаосот настана околу проблематичните кандидатури и повлекувањето на Сашко Тасев о што закажаното Собрание за 1 септември беше одложено. Гостинот од УЕФА го гледаше и вчерашниот дуел со Ерменија во Лигата на нации по што се сретнал и со останатите членови од УО на ФФМ кои треба да знаат дека интересите на УЕФА за чист фудбал во Македонија се пред сите лични интереси во земјава кои влијаат за нарушување во работата на фудбалската федерација.

ОДЛОЖЕНА СЕДНИЦАТА НА УО ВО МАЛАГА
Токму поради најавена посета од Нион, УО на ФФМ не ја одржа закажаната седница во Малага во четвртокот. На тој состанок требаше да се назначи комисија која ќе работи на измените на статутот на федерацијата. Тој момент е најбитен во целата оваа ситуација. Промена на статут без одобрение на УЕФА и ФИФА не може да се случи. Двете водечки федерации се главните инвеститори на финансии во федерации како Македонија и затоа нашиот но и статутите на останатите федерации мора да бидат усогласени со правните акти на Нион и Цирих.
Според најавите по добиените инструкции новиот состанок на УО на ФФМ ќе се одржи во петок и на истиот ќе биде назначена новата комисија за подготовка на измените на статитутот на ФФМ, со цел да им се овозможат регуларни кандидатури на сите оние кои имаат интерес да влезат во трката за претседател на ФФМ.

ОД УЕФА ЗНААТ ЗА ОДЛУКАТА НА ПАНДЕВ
Гостинот од УЕФА кој во својот нотес ги имал имињата на сите кандидати кои покажаа интерес за функцијата претседател на ФФМ а бил информиран и знаел за одлуката на капитенот Горан Пандев Нашиот најдобар фудбалер на денешницата во петокот во интервју за „Спорт", ексклузивно најави дека сака да стави крј на фудбалската кариера и да се бори за претседателската функција во ФФМ. Потег кој промени многу нешта како во Македонија така и во службите на УЕФА и ФИФА.

И препораките на УЕФА се усогласени со плановите на ФФМ. При изборот на новиот претседател мора да се почитува статутот. Поврекувањето на Сашо Тасев ги спаси останатите конкуренти за позицијата претседател на ФФМ затоа што правно издржано кандидатурите на Костов, хаџи Ристески и Станојковиќ не се издржани. Затоа сега во ноември или декември би имало Собрание за промена на статутот а потоа во февруари/март да биде Изборното Собрание. Горан Пандев побара да го почекаат две-три месеци.

Најново во Фудбал