ВООПШТО ПРВ РАКОМЕТАР ОД АФРИКА ВО „ЦРВЕНО-ЦРНИОТ“ ДРЕС

Официјално: Калифа Гедман е новиот голман на Вардар!

Македонскиот шампион ги испочитува роковите и за настап во групната фаза од Лигата на шампионите го потпиша 21. годишниот голман од Калифа Гедбан. Тој е репрезентативец на Алжир и лани настапуваше за својата земја на младинското СП.

објавено: 11 септември 2018 - 18:43

Гедбан во Скопје доаѓа со договор на една година, со можност за продолжување на уште една. Во летниот период беше на подготовки со тимот на Анхел Хименз во Шпанија, но во меѓувреме „црвено-црните" се договорија за негов трансфер во Скопје.

Тој ќе биде првиот ракометар од Алжир што станал дел од тимот на Вардар, и воопшто прв играч од Африка што ќе игра во дресот на Вардар. Клубот го пријави Гедбан за настап во ЛШ и тој ќе биде дел од тимот на следните натпревари.

Со своите настапи последниве сезони доби доста понуди за настап. Станува збор за голман висок 200 см. за кого се предвидува дека во иднина ќе биде добра перспектива.

Вардар викендов гостува во Франција кај Монпелје во рамките од првото коло на групната фаза од ЛШ.

Најново во Ракомет