ЕВРОПСКИТЕ ГИГАНТИ ГО ГЛЕДАЛЕ МЕЧОТ СО ЕРМЕНИЈА

Манчестер Сити и Бенфика го следат Елиф Елмас!

„Скаути" на Манчестер Сити и Бенфика биле на „Филип Втори" Арената во Скопје во рамките од УЕФА Лигата на нации да ги видат перформансите на македонскиот репрезентативец.

објавено: 11 септември 2018 - 20:08

Да потсетиме, Елиф Елмас го одигра целиот дуел за нашата А селекција во триумфот над Ерменија (2:0) за втора победа, после онаа стартната против Гибралтар во групата 4 од Лигата „Д".

„Дијамантот" и понатаму го привлекува вниманието, да потсетиме моментно нашиот 18-годишен играч од средниот ред настапува за турскиот состав на Фенербахче.

Англичаните и Португалците од блиску го следат развојот на македонскиот фудбалер кој досега добива редовна минутажа кај холандскиот тренер Филип Коку.

 

Најново во Фудбал