ДВЕ ЗАСИЛУВАЊА ЗА „СИНО-БЕЛИТЕ“

Думиќ и Бешлиоски нови кумановци

Екипата на Куманово комплетираше уште два трансфери во овој условно кажано, летен преоден рок откако потпиша договори со еден домашен и едне играч од странство.

објавено: 11 септември 2018 - 20:44

Филип Думиќ, кошаркар роден 1990 година. ќе треба да ја пополни првата плејмекерска позиција во тимот на Алекснадар Петровиќ

Во својата кариера Думиќ има настапувано за повеќе тимови во соседството како, Константин Ниш, Борац Чачак, Јединство, Вршац и Младост, но и за романската екипа, Темишвар.

Освен него, во составот на „сино-белите“ во наредната сезона ќе биде и Методија Бешлиоски. Еден млад кошаркар, роден 1996 година, кој со своите 201 сантиметри најдобро се снаоѓа на позицијата крилен центар. Потекнува од школата на Вардар, а во текот на ланската сезона бепше дел од екипата на Фени Индустри. Но поради сериозна повреда на коленото пропушти најголем дел од неа. 

Најново во Кошарка