РИЛСКИ СПОРТИСТ СИГУРЕН НА ПРОВЕРКАТА

Пораз на Блоко во Самоков

Кошаркарите на Блокотехна го одиграа и вториот контролен натпревар од почетокот на периодот од подготовките. Загубија на гостувањето кај Рилски Спортист (76:87).

објавено: 11 септември 2018 - 20:57

Кошаркарите на Блокотехна го одиграа и вториот контролен натпревар од почетокот на периодот од подготовките за новата сезона..

На гостувањето во Самоков, го загубија првиот од двата предвидени натпревари. Рилски Спортист стигна до двоцифрена победа.
Рилски Спортист – Блокотехна 87:76
Данило Мијатовиќ со 26. поени, беше прво поентерско име во составот на тренерот Марјан Илиевски. Гајдис реализираше 18, а Младеновиќ со 11 поени беше третиот двоцифрен играч на Блокотехна на оваа проверка.
Поени за нашиот тим реализираа уште и Николиќ – 7, а Главчев и Глигоријевиќ уште по шест.
Двете екипи, утре попладне, од 17.часот (по македонско време), ќе одиграат уште еден контролен меч, кој како што најавува домаќинот, ќе биде отворен за јавноста во Самоков и околината на овој бугарски град.

Најново во Кошарка