СЕХА-ЛИГА

На Вујо никако да му тргне, Червар фати залет

Железничар го запиша третиот пораз во регионалното натпреварување, загуби од Мешков Брест со 32-30. ППД Загреб на домашен терен беше сигурен против Стеауа Букурешт. 

објавено: 11 септември 2018 - 22:19

Мешков Брест во Ниш допатува со резервниот тим, без првиот тренер...Но, ниту ова не беше доволно за Веселин Вујовиќ и неговите момци да дојдат до првата радост во СЕХА-лигата, на крајот Железничар загуби со 32-20.

Белорускиот тим, кој секако ги штеди силите за стартот на Лигата на шампионите, покажа дека и резервите се повеќе од доволни, на полувремето имаше позитива од четири гола (19-15), до крајот успеа да оддолее на обидите на Железничар.

За разлика од Вујовиќ, Лино Червар и ППД Загреб фатија ритам, го запишаа вториот триумф во низа, откако на домашен терен без проблем славеа на дуелот со Стеауа Букурешт (24-17).

По некомплетното трето коло, Вардар, Мешков Брест и Нексе се единствените три екипи без пораз, поради подобрата гол разлика, македонскиот и регионален првак е на првото место на табелата. 

Најново во Ракомет