ХРВАТСКИОТ СЕЛЕКТОР ИМАШЕ СВОЕ ОБЈАСНУВАЊЕ

ЗЛАТКО ДАЛИЌ: Ова за нас е поука, целосно се распаднавме!

„Коцкестите" загубија дури со 6:0 во својот прв официјален натпревар од УЕФА Лигата на нации на гостувањето во Елче од Шпанија.

објавено: 12 септември 2018 - 08:00

Неочекувано издание за селекцијата која летово стигна до финалето на Светското првенство во Русија, а селекторот Златко Далиќ имаше свои причини после овој дебакл.

„На почетокот игравме многу добро, имавме три одлични шанси. Но, потоа следуваше повредата на Врсаљко и едноставно како да не постоевме на теренот. Бевме далеку од противничките играчи, немаше ниту дуели, ниту агресија. Се случи распад на системот, а Шпанците тоа го казнија. Му честитаме на ривалот, ова за нас е поука. Се распаднавме!", рече Далиќ.

Потсетување, на Мундијалот Хрватите после примен погодок знаеја квалитетно да реагираат, но сега стратегот на „коцкестите" вели дека не може секогаш да се враќате:

„Се случуваат вакви денови, натпревари. Ова е огромен пораз, многу тежок за нас. Мораме да гледаме напред, низ мечевите да видиме што можеме да направиме".

Најново во Меѓународен Фудбал