НА ПРИЈАТЕЛСКИОТ НАТПРЕВАР ПРОТИВ ЕЛ САЛВАДОР (5-0)

Неверојатен Нејмар во „петардата“ на Бразил (ВИДЕО)

Пред нешто над 28.500 гледачи во Ландовер, „кариоките" имаа успешен тест предводени од селекторот Тите на стадионот „ФедЕкс Филд".

објавено: 12 септември 2018 - 08:27

Бразилците славеа убедливо над селекцијата на Ел Салвадор во пријателски натпревар со конечен резултат 5:0.

Оваа „петарда" ја најава ѕвездата на ПСЖ, Нејмар уште во четвртата минута со реализиран пенал во мрежата на Хернандез.

Во првото полувреме Нејмар запиша и две асистенции, најпрвин до Ришарлисон за зголемување на позитивата во 16-та, а потоа и до Кутињо во 30-та мин. за веќе сигурни 3:0.

Ришарлисон по втор пат се запиша во листата на стрелците на стартот од вториот дел (50.), а Нејмар во 90. минута дојде и до третата асистенција откако го пронајде Маркињос.

Во останатите контролни мечеви, без голови одиграа Колумбија и Аргентина, потоа САД со 1:0 славеше над Мексико. Венецуела триумфираше на гости кај Панама (0:2), а со истиот резултат Еквадор ја победи Гватемала.

Најново во Меѓународен Фудбал