Откако летово му пропадна трансферот на „Енфилд“

Фекир: Ливерпул за мене е завршена приказна

Фудбалерот на Лион отворено вели дека повеќе не го интересираат пишувањата за негов трансфер во редовите на финалистот од Лигата на шампионите.

објавено: 12 септември 2018 - 13:00

Напаѓачот на Лион, Набил Фекир, призна дека по затворањето на летниот трансфер период за него Ливерпул е веќе заборавена приказна. Младиот француски репрезентативец беше многу блиску до трансфер во редовите на англискиот тим, но до тоа не дојде, пред се поради тоа што по медицинските прегледи

Англичаните побараа промена во начинот на плаќање на сумата за отштета. Лион на тоа не се сложи откако договорот веќе беше заврен и трансферот пропадна.

„Повеќе не мислам на она што се случи со Ливерпул. Ја завртев таа страница. Треба да се движите напред и да не гледате во минатото. Во животот постојат работи кои треба да се прифатат такви какви што се", потенцирал младиот фудбалер.

Најново во Меѓународен Фудбал