Австријците му нудат договор на младиот Мик

Ред Бул го носи синот на Шумахер во Торо Росо?

19-годишниот син на легендата на Формула 1 ќе добие понуда за соработка со Ред Бул која може да го однесе на едно од пилотските места во тимот на Торо Росо следната сезона.

објавено: 12 септември 2018 - 12:30

Синот на германскиот Формула 1 ас, Михаел Шумахер, Мик, наскоро ќе добие понуда за соработка со Ф1 тимот на Ред Бул. 19-годишниот германскиот пилот кој се натпреварува во европската Формула-3 веќе подолго време е предмет на озборувања во авто-мото спортот, а многу од тимовите во најпрестижното натпреварување размислуваат да му понудат некаков вид на соработка.

Ред Бул отворено најави дека сака да потпише договор со него и да го вклучи во својата програма за поддршка на младите пилоти. Тимот ќе му понуди договор со важност до 2020 година, кој ќе значи или учество на Мик во младинската моносерија Формула 2, или веднаш деби во Формула 1 во составот на Торо Росо.

Во моментов италијанскиот тим нема пилот за сезоната 2019, откако не беше обновена соработката ниту со Брендон Хартли, а Французинот Пјер Гесли замина во Ред Бул како замена за Австралиецот Даниел Рикиардо.

Најново во Авто-мото