Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели

Меморијален турнир „Горан Димоски“ во Скопје

Од петок до недела во спортската сала „Македонско Сонце" во ОУ „11 Октомври" во општина Центар ќе се одржи меморијалниот турнир „Горан Димоски". На турнирот ќе учествуваат 20 екипи, а ќе се одвива по формат и правила на ФИБА 3×3.

објавено: 12 септември 2018 - 10:15

Од петок до недела во спортската сала „Македонско Сонце" во ОУ „11 Октомври" во општина Центар ќе се одржи меморијалниот турнир „Горан Димоски". На турнирот ќе учествуваат 20 екипи и ќе се одвива по формат и правила на ФИБА 3×3.

Турнирот е организиран од страна на најдобрите пријатели на Горан Димоски, кој прерано го загуби својот живот.

„Горан Димоски роден во Скопје на 03.01.1996,основното образование го стекнува во О.У. "Браќа Миладиновци",средното образование го продолжува во С.Е.П.У.Г.С. "Васил Антевски-Дрен.Студира високо образование на American College во Скопје. Горан го сакаше спортот со кој и се бавеше аматерски, особено кошарката. хуман човек кој несебично им помагаше на сите оние на кои им беше потребна помош. Беше голем другар и беше секогаш тука за своите пријатели. Трагично почина на 03.03.2018" – посочуваат организаторите на овој меморијален турнир.

Најново во Другата страна на спортот