МАКЕДОНСКИОТ ТИМ ТРГНУВА ВО СОСЕДСТВОТО

Без Пајиќ, Маслинко и Николовски

Селекторот Јорданчо Давитков одлучи за Приштина да не одат тројца кошаркари од оние кои беа дел до подготвителниот период. Големиот број, односно конкуренцијата кај високите играчи го остави Кирил Николовски во Скопје...

објавено: 12 септември 2018 - 12:05

13. часот беше означен како време за поаѓање на нашиот национален тим кон Косово, односно Приштина, каде утре вечер од 20.30 часот, не чека дуелот со сениорскиот тим на нашиот северен сосед.

А по последниот тренинг одработен во СЦ „Јане Сандански", селекторот Јорданчо Давитков одлучи дека во комбинација за дуелот со Косово да не бидат тројца кошаркари.
Предраг Пајиќ, Андреј Маслинко и Кирил Николовски.

Делумно изненадување е изоставувањето на Николовски, но селекторот го образложува тоа со силната конкуренција која постои кај оние условно кажано, „високи играчи"во селекцијата.
Секако, во таа насока е и подоцнежното приклучување на Ричард Хендрикс во тимот кој треба да ја поправа сликата од ланското гостување во главниот град на Косово.

Најново во Кошарка