НЕКОГАШНИОТ ГОЛГЕТЕР НА БАЕР ИГРА АМАТЕРСКИ ФУДБАЛ

Кислинг дебитираше во 9. лига

Штефан Кислинг некогаш беше прв стрелец во Бундес лигата, а сега игра во деветтото ниво на германскиот фудбал

објавено: 12 септември 2018 - 12:11

Кислинг летоска соопшти дека поради здравствени проблеми се откажува од фудбалот, меѓутоа по повикот на кумот се врати во германската деветта лига. Неговиот клуб е Шелкинген-Хаузен во кој тренер е неговиот кум, а некогашниот напаѓач на Баер Леверкузен дебитираше неславно. Неговиот тим изгуби (1:5), а тој одигра очајно.

Уште чувствувам болка во колкот, па тешко ми е да играм дури и на ова ниво. Не успеав да им помогнам на момците. Бев бескористен. Сакам да играм фудбал, но тоа е можно само ако направам нешто со колкот", заклучи Кислинг кој за Баер одигра 12 години и во 342 натпревари реализираше 131 гол.

Кислинг страда од остеоартритис, дегенеративна болест на рачните и ножните зглобови и прстите, како и колкот.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал