Португалецот му го соопшти ставот на Вудворд

Мурињо: Ако си оди Погба, го сакам Саул

Шпекулациите велат дека Погбал нема да ја дочека пролетта на „Олд Трафорд“, па Мурињо веќе подготвил план за доведување на адекватна замена за Французинот. Младиот фудбалер на Атлетико (М) е потенцијалната земана за Погба.

објавено: 12 септември 2018 - 18:20

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, и натаму е во потрага по нови варијанти за пополнување на тимот, пред се, поради несигурната иднина на Пол Погба. Французинот и ова лето беше мета на шпекулации за наводно заминување од „Олд Трафорд", а истите не престануваат и со стартот на новата сезона.

Ако Пол Погба, сепак, реши да си замине од екипата во јануари или следното лето, Мурињо веќе му посочил на Ед Вудворд дека како замена за него го сака во тимот младиот шпански репрезентативец Саул Нигез.

Сериозни кандидати за потпис со францускиот репрезентативец се Барселона и Јувентус. Во исто време, Манчестер Јунајтед ќе мора да плати 150 милиони евра, ако сака да ги обезбеди услугите на Саул. Ова е износот што е ставен како клаузула за превремен раскин на договорот на 24-годишниот фудбалер со Атлетико Мадрид.

Минатото лето, Саул го потпиша својот нов договор со Атлетико Мадрид.

Најново во Меѓународен Фудбал