Австралијци му понудија да одигра уште еден меч

Пирло пред изненадувачки кам-бек на терените?

објавено: 12 септември 2018 - 20:50

Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Андреа Пирло би можел да направи изненадувачки кам-бек на фудбалските терени. 39-годишниот играч за врска кој се пензионираше на крајот од минатата година по блескавата кариера која вклучуваше и титула од Светското првенство, шест шампионски пехари од Серија А со Милан и Јувентус и два трофеи од Лигата на шампионите, доби понуда да одигра уште еден меч во кариерата.

Австралискиот клуб Авондејл достави понуда до менаџментот на Пирло ветеранот да одигра еден меч за нив во рамките на четврфиналето на ФФА купот на Австралија против екипата на Сиднеј на 19 септември.
Првите луѓе на авондејл се уште чекаат на одговор од Пирло, но доколку тој и реши да се појави на мечот, малку веројатно е дека може да одигра цел меч.

Најново во Меѓународен Фудбал