МАКЕДОНСКОТО ДЕРБИ ЗА СЕЛЕКТОРОТ

Фуриозно деби на Гонзалез во ЛШ, Пешевски и Мотор без шанса

Раул Гонзалез и ПСЖ со победа ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите, на гостувањето кај Мотор Запорожје славеа со 35-29. 

објавено: 12 септември 2018 - 19:33

Новата сезона во Лигата на шампионите и официјално стартуваше. Еден од најголемите кандидати за освојување на шампионската титула, ПСЖ предводен од екс-страегот на Вардар, Раул Гонзалез на гостувањето кај Мотор Запорожје за кого настапува Жарко Пешевски славеше со 35-29 (12-17). 

Украинскиот тим само еднаш водеше на мечот, на стартот и тоа со погодокот на македонскиот репрезентативец. Неколку минути имаше неизвесна битка, а потоа ПСЖ го наметна своето темпо, кое за Мотор беше пресилно. На полувремето „светците“ имаа водство до пет гола (12-17) кое до крајот лесно го одржаа.

Пешевски беше стрелец на три гола, два од нив ги постигна во првото полувреме. На другата страна Надим Ремили имаше осум погодоци.

 

 

Најново во Ракомет