БИТОЛЧАНИ ЛЕСНО ДО НОВ ТРИУМФ

Еурофарм Работник доминантно против Радовиш

Битолчани, оечкувано го совладаа Радовиш на гостински терен со 25-43 во меч од 12. коло во Супер-лигата. 

објавено: 6 декември 2018 - 19:38

Ракометарите на Еурофарм Работник ја запишаа 11 победа во Супер-лигата, на гостувањето кај Радовиш славеа со убедливи 25-43 во меч од 12. коло. 

Битолчани поведоа со 8-2, а потоа на полувремето заминаа со позитива од 11-21. На другата страна тимот на Радовиш беше немоќен пред брзото темпо на противникот.

Прво име во редовите на Еурофарм Работник беше Граџан со девет погодоци, Џукиќ имаше два помалку. Во редовите на поразениот состав Илиев имаше седум гола.

 

Најново во Ракомет