ДОЈДЕ МИНАТАТА СЕЗОНА ОД ТИМОТ НА МЕТАЛУРГ

Еурофарм Работник ја прекина соработката со Дрогришки

Ракометниот клуб Еурофарм Работник ја информира јавноста дека денес спогодбено ја прекина соработката со Стефан Дрогришки.

објавено: 8 ноември 2018 - 19:03

„Во оваа прилика сакаме да му се заблагодариме на Стефан за сите досегашни заеднички мигови и да му посакаме многу успех во понатамошната спортска кариера", информираат од РК Еурофарм Работник.

Во минатата сезона Дрогришки дојде во битолската екипа од редовите на РК Металург.

Ова се случува непосредно пред настапот на Еурофарм Работник во последното трето квалификациско коло за учество во групите од ЕХФ Купот.

Да потсетиме, на 17. ноември во салата „Боро Чурлевски" нашиот претставник ќе го игра првиот меч од третата рунда со швајцарскиот Берн, а судии ќе бидат Украинците Анатолиј Новиков и Валериј Рожков.

Најново во Ракомет