БИТОЛЧАНИ СО ПОЗНАТО ИМЕ НА „КОРМИЛОТО“

Јошко Петковиќ нов тренер на Пелистер

Челниците на клубот најдоа замена за Томе Петрески, „кормилото“ на тимот ќе му го доверат на Јошко Петковиќ. 

објавено: 16 октомври 2018 - 21:57

Јошко Петковиќ е новиот стратег на Пелистер. Челниците на клубот и искусниот стратег веќе си подадоа рака, веќе утре треба да го одржи првиот тренинг, кој е закажан во 18:30 часот. Toj доаѓа на местото на Томе Петрески, кој не успеа да ги исполни очекувањата и покрај бројните засилувања. По петото коло тимот од Битола има скор од три победи и два порази, се наоѓа на четвртото место на табелата.

Петковиќ кој веќе има искуство со битолскиот тим, минатата сезона го предводеше Железничар, со кого го освои Купот на Србија, а на чекор беше до двојната титула. Во Македонија беше тренер на повеќе екипи меѓу кои Кометал Ѓ. П. со кого играше и финале на ЛШ, како и Металург, Вардар, Борец и Младост Богданци.

Дебито на клупата на Пелистер ќе го има на домашен терен против Радовиш.

Најново во Ракомет