МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ИМАШЕ ПОЗИТИВА И ОД СЕДУМ ГОЛА

КАКВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ ВО СТРАЗБУР: Вардар го изненади Раул, го „мачка“ ПСЖ

Штета што нема било каков пренос од овој дуел, бидејќи „црвено-црните" по првото полувреме се далеку подобар противник, водат со 20-14.

објавено: 24 август 2018 - 21:15

Раул Гонзалез добро го познаваше оној Вардар со кого ја освои шампионската титула, но не и „новиот“ состав на македонскиот првак. Штета што нема било каков пренос од овој дуел, бидејќи „црвено-црните“ по првото полувреме се далеку подобар противник, водат со 20-14.

Засега ученикот, Роберто Гарсија Парондо е многу подобар од својот учител, Раул. Македонскиот првак отвори со 1-3, во 9. минута поведе со 2-6. Не застанаа „црвено-црните“ момци во 15. минута направија серија од 4-0 и стигнаа до највисоки 6-13 на мечот. ПСЖ со три гола се доближи на 10-13, но Вардар брзо се врати во ритам во 28. минута ги врати највисоките плус седум (13-20). Пред истекот на првото полувреме, францускиот тим намали на 20-14.

 

Најново во Ракомет