ДЕНЕСКА ПОЧНА РЕГУЛАРНАТА ПРОДАЖБА НА СЕЗОНСКИТЕ КАРТИ

ПОЛОВИНА ОД БИЛЕТИ ВЕЌЕ СЕ ПРОДАДЕНИ: Вардар се сака и без Раул, Штербик...

Македонскиот шампион, Вардар во новата сезона во Лигата на шампионите ќе влезе со променет состав и нов предводник на тимот, но тоа пак не го менува интересот. 

објавено: 20 август 2018 - 15:05

Новиот Вардар сите сакаат да го видат. Иако на „кормилото“ на македонскиот шампион повеќе го нема креаторот на златната генерација, Раул Гонзалез, како и Арпад Штербик, Лука Циндриќ....сите оние кои на Македонија и го подарија пехарот од Лигата на шампионите, за кои сонуваат многу помоќни екипи, сепак фановите остануваат верни на „црвено-црните“...

Откако заврши приоритетната продажба на сезонски билети за новата сезона од денеска почна регуларна продажба на сезонски билети за натпреварувачката сезона 2018/2019, истата ќе трае до 31. овој месец. Сезонските билети важат за сите домашни натпревари на РК Вардар во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашното првенство.

Цената на картите останува иста: 2.200 денари за трибински простор и 2.550 денари за А блоковите.

Првиот домашен натпревар на Вардар во ЛШ е закажан за 22 септември против Кристијанштад, додека во СЕХА-лига се игра на 4. септември, во Скопје гостува Железничар од Ниш.

Најново во Ракомет