Одиграни 3. меча од ракометната Суперлига

Стружани, конечно, победија, Бутел не застанува

објавено: 17 ноември 2018 - 21:26

Ракометарите на Струга им се вратија на победите во домашната Супер лига. Денеска во меч од 10. коло, стружани по подолга пауза славеа на домашен терен против екипата на Борец со убедливи 40-22. Победникот се надзираше уште во првиот дел, кога струга имаше предност од 10 гола разлика (18:8).

Крстаноски со шест голови беше најефикасен кај Струга, додека кај Борец со 8 гола прв стрелец беше Ристов.

Продолжи и победничката серија на екипата на Бутел, која денеска оствари триумф на гостувањето во Прилеп со 38:30. За бутелчани ова беше 8 триумф во десетиот меч сезонава што ги остава на врвот меѓу трите најдобри тимови во супер лигата.

Денеска меч одиграа и Радовиш и Вардар Јуниор. Квалитетот беше на страна на домашните кои без посебни проблеми ја остварија третата сезонска победа од 31:19. За утре е закажан дуелот меѓу екипите на Охрид и Пролет.

1 ЕУРОФАРМ РАБ. 9 9 0 0 27
2 БУТЕЛ СКОПЈЕ 10 8 0 2 24
3 ОХРИД 2013 9 7 0 2 21
4 ПРОЛЕТ 62 9 6 0 3 18
5 ПЕЛИСТЕР 9 6 0 3 18
6 СТРУГА 10 4 1 5 13
7 РАДОВИШ 10 3 0 7 9
8 ВАРДАР ЈУНИОР 10 3 0 7 9
9 ПРИЛЕП 2010 10 1 1 8 4
10 ГРК БОРЕЦ 10 0 0 10 0

Најново во Ракомет