ПОЧНУВА ОДБРОЈУВАЊЕТО ДО СТАРТОТ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Вардар не е во Топ 5 листата на ЕХФ

За пет дена за Вардар стартува новата сезона во Лигата на шампионите. За разлика од годината по освојувањето на титулата, овој пат ЕХФ не го смести македонскиот првак во првата Топ 5 листа која ја скрои како вовед за она што не очекува. 

објавено: 10 септември 2018 - 13:45

Бројните промени во Вардар, како заминување на Раул Гонзалез, креаторот на златната генерација, потоа разделбата со Штербик, Циндриќ, Кањелас, Македа, Абутовиќ...потоа повредите на Стојанче Стоилов и Сергеј Горбок, како и проблемот на голманската позиција, е повеќе од доволна причина за да ЕХФ не го смести во Вардар во Топ 5 листата на тимови со најдобра клупа, поточно замени.

Првото место во оваа категорија му припадна на ПСЖ, каде тренер е Раул Гонзалез, зад францускиот тим е Барселона, по што следуваат Веспем, Рајн Некар и Пик Сегед.

„Црвено-црните“ новата сезона во ЛШ ја отвораат на гости кај бранителот на титулата, Монпелје, дуелот се игра на 15 овој месец.

 

 

 

Најново во Ракомет