ДЕСНИОТ БЕК ЗАДОВОЛУВА СО СВОИТЕ ИГРИ СЕЗОНАВА

ГОДИНИТЕ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ: Лазаров пред нов договор со Нант!

Македонскиот репрезентативец (38) ја игра својата втора година во редовите на француската екипа Нант.

објавено: 18 ноември 2018 - 14:57

Моментно во домашниот шампионат Нант и Кирил Лазаров се наоѓаат на второто место со 16 бодови, еден помалку зад водечкиот Шамбери.

Во Лигата на шампионите исто така нашиот десен бек покажува многу добри перформанси, Нант во групата Б е на третото место со седум бодови, зад ПСЖ (16) и Пик Сегед (12).

Во интервју за француските медиуми, запрашан околу неговата иднина во клубот, Лазаров одговорил:

„Во разговори сме со претставникот Андреј Голиќ, наскоро се ќе дознае, можеби пред крајот на месецот. Можам само да кажам дека го сакам Нант кој има големи амбиции во Европа. И моето семејство го сака Нант, моите деца почнаа да зборуваат на француски јазик“.

И претседателот на Нант, Гаел Пелетие вели дека е можно продолжување на соработката.

„Не се проблем годините, сакаме да ја продолжиме соработката со Кирил Лазаров". Можно е Лазаров да добие нов две-годишен договор.

Најново во Ракомет