ПО СЕДУМ ГОДИНИ ВО ВАРДАР, ЌЕ БИДЕ НА СПРОТИВНАТА СТРАНА

Абтуовиќ: Скопје и 5. јуни, засекогаш ќе останат врежени во моето срце

„Поминав седум прекрасни години во Македонија и ќе ги паметам сите од нив, особено 5 јуни“, изјави еден од најдобрите дефанзивци во Европа, Илија Абутовиќ. 

објавено: 26 јули 2018 - 19:00

Поголем дел од противниците на Вардар во новата сезона во Лигата на шампионите веќе почнаа со подготовките за новата сезона. Ждрепката посака „црвено-црните“ во групната фаза силите да ги одмерат со тимовите за кои настапуваат ракометарите на златната генерација на македонскиот првак.

Еден од нив е Илија Абутовиќ. По седум години минато во дресот на Вардар, одлучи дека е време да направи промени. Српскиот интернационалец се пресели во Рајн Некар, тимот за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески.

Абутовиќ признава дека дуелот во Скопје, закажан за 3. октомври во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите ќе биде посебен за него. 

„Во Германија е најсилното првенство во светот. Тежината е поголема и времето за одмор е многу кратко. Со Вардар имавме можност максимално да се фокусираме на Лигата на шампионите. Трофејот кој го освоивме минатата година донесе убави чувства, кој би ги посакал на секој спортист. Новата сезона ќе ме однесе повторно во Скопје, за мене тој меч ќе биде специјален, иако ќе бидам на противничката страна. Поминав седум прекрасни години во Македонија и ќе ги паметам сите од нив, особено 5 јуни" , изјави Србинот.

Најново во Ракомет