ТРЕТ ПОРАЗ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ВО ЛШ

Барселона го „разоружа“ Вардар

Трет пораз за Вардар во Лигата на шампионите. Барселона одново го надигра македонскиот првак, на реванш мечот во „Блауграна" славеше со убедливи 34-26 во мечот на неделата. 

објавено: 17 ноември 2018 - 20:31

Одлично прво и катастрофално второ полувреме на Вардар во „Блауграна" за втор пораз во низа од Барселона (34-26), вкупно трети во Лигата на шампионите оваа сезона. Избраниците на Роберто Гарсија вечерва покажаа две лица. По 16-15 на одморот, се рападнаа. Во првите 15. минути од второто полувреме постигнаа само два гола, далеку од доволно за да се совлада еден тим како што е Барселона.

Иван Чупиќ со пет погодоци од исто толку обиди беше најефикасен, по четири гола Дисингер и Кисељов. На другата страна Каспер Мортенсен имаше девет погодоци.

Во првите 30 минути каталонскиот тим многу потешко ја пробиваше одбраната, на ниво на задачата беше Дејан Милосављев,, а македонскиот првак немаше технички грешки како во Скопје. По водството на домаќинот од 4-3, Борозан со два проектила и Чупиќ од седум метри во 12. минута го донесоа првото водство на Вардар. Позитива од два гола македонскиот првак имаше и една минута подоцна 5-7. До одморот водстото постојано се менуваше, во последниот напад Барселона со голот на Мем замина со 16-15.

Надежта дека Вардар ќе може да направи нешто повеќе на ревнаш мечот заврши по десет минути игра, Барса поведе со 24-16, Вардар постигна само еден гол, оној на Стоилов на стартот на второто полувреме. Кристопанс беше ракометарот кој конечно го најде патот до голот на шпанскиот тим. Барселона не застана тука, во 47. минута поведе со плус десет 27-17. Тука беше крајот на мечот. 

По оваа средба „црвено-црните“ останаа на четвртото место со десет бода исто колку и Рајн Некар, на второто место е Келце со 12 бода, додека Барселона има два бода повеќе.

Во следното коло македонскиот првак му гостува на Мешков Брест.

Најново во Ракомет