МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ВО ТРКА СО ВРЕМЕТО

Дали Страхиња Милиќ беше грешка?

Македонскиот првак, Вардар се најде во незавидна положба. Потрагата по голман ја заврши, Халифа Гебдан, требаше да пристигне во Скопје, но Алжир застана на патот.   

објавено: 11 септември 2018 - 09:00

Во сезона со многу промени во составот и на „кормилото“, Вардар го нема комплетирано составот на четири дена пред стартот на Лигата на шампионите. Најголем проблем во моментов е голманската позиција.

По долгата потрага челниците на клубот ја најдоа земната за Страхиња Милиќ во Халифа Гебдан, но во меѓувреме излезе проблем. Сертификат кој младиот голман треба да го добие од Алжир стои на патот иако Вардар ги има завршено сите обврски кон поранешниот тим на Гебдан, Пуенте Хенил од Шпанија.

За да целата ситуација биде уште потешка, на „црвено-црните“ не им остана многу време, денеска попладне завршува рокот за пријавување на играчи, доколку алжирискиот младински репрезентативец не го добие сертификатот на време, македонскиот тим во следните пет кола од ЛШ нема да има право да пријави ново име.

Колку и да сакаме да го одбегнеме прашањето, сепак само со наметнува: Дали Вардар можеби згреши со Страхиња Милиќ со кого спогодбено го раскина договорот, откако српскиот интернационалец не го испочитувал договорот, наместо да ослабе, тој на првиот собир се појавил здебелен.

Дали овој долгогодишен проблем со Милиќ можеше да се реши поинаку?

Вардар во моментов на голманската позиција го има Дејан Милосављев и Марко Кизиќ, во ноември се очекува да се врати Даниел Ѓорѓевски, по операцијата. 

 

Најново во Ракомет