СЛОВАЦИ ЗА ВАРДАР, ШПАНЦИ ЗА МЕТАЛУРГ

ЛШ: Николов и Начевски „главни“ на Рајн Некар-Барселона!

Европската ракометна федерација ги објави судиите кои ќе делат правда на првите натпревари во новата сезона од Лигата на шампионите во машка конкуренција.

објавено: 9 септември 2018 - 11:27

Ново големо признание за македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои ќе ја делат правдата на мечот од првото коло во групата А помеѓу Рајн Некар Левен на македонскиот репрезентативец Филип Талески и Барселона. Мечот е во Манхајм од 19:00 часот во „САП" Арената на 12. септември.

Во истата група игра и македонскиот шампион Вардар кој на 15. септември гостува во Франција кај Монпелје кој ја брани титулата во ЛШ. Судии на овој меч (17:30 часот) ќе бидат Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка.

Истиот ден, но од 18:30 часот во Лисабон, нашиот вицешампион Металург му гостува на Спортинг. На дуелот во Португалија судии ќе бидат Хавиер Алварез Мата и Јон Бустаманте Лопез од Шпанија.

Да додадеме уште дека во групата Б, Марјан Начевски е делегат на средбата Целје Пивоварна Лашко-Скјерн.

Најново во Ракомет