НА ФРАНЦУСКИОТ ТИМ НИКАКО ДА МУ ТРГНЕ

Македонската пресметка за Манасков, втор пораз за Лазаров и Нант

Кирил Лазаров и Нант го запишаа вториот пораз на меѓународниот турнир кој се одржува во Стразбур, загубија од Веспрем со 28-24 (14-13).

објавено: 24 август 2018 - 19:55

Втор пораз за Нант на меѓународниот турнир кој се одржува во Стразбур. По Монпелје, Кирил Лазаров и неговиот тим загубија од Веспрем на Дејан Манасков со 28-24 (14-13). За жал поради оскудните информации кои ги има на официјалната страница на трунирот, а истовременп отсуството на лајв-стрим од дуелите, засега немаме статистички детали.

Нант добро го отвори натпреварот со 3-1, но унгарскиот тим брзо се врати израмни на 5-5, во 15. минутиа поведе со 6-9. На полувремето Веспрем замина со позитива од еден гол. По одморот Манасков и неговите соиграчи до крајот постојано имаа водство од два до три гола.

За половина час ќе почне дуелот кој го очекуваме сите Вардар против Раул Гонзалез и ПСЖ. 

 

Најново во Ракомет