ПРВАКОТ СО ЗАГРЕВАШЕ СО ТУЛУЗ ЗА ДУЕЛОТ СО „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“

Монпeлје во победничка атмосфера, Порт му испрати порака на Вардар

Европскиот првак, Монпелје го запиша вториот триумф во францускиот шампионат, откако на гостувањето кај Тулуз славеше со 34-29. 

објавено: 12 септември 2018 - 22:06

До 40. минута се чинеше дека Монпелје ќе има проблем за да го забележи вториот триумф во францускиот шампионат, но европскиот првак за кратко време ги реши сите дилеми, го совлада Тулуз со 34-29 и во победничка атмосфера ќе го пречка Вардар во рамките на првото коло во Лигата на шампионите.

Противникот на македонскиот тим одигра „килаво“ особено во првото полувреме по кое имаше негатива од 18-16. Ако се земе во предвид во сабота го чека важен дуел, до некаде е оправдано ваквото издание. 

Во центарот на вниманието беше Валентин Порт, десниот бек мечот го одигра перфектно, имаше девет гола од исто толку обиди и најави дека Вардар ќе мора да внимава на него. Одлична партија пружи и Вид Кавтичник, запиша шест погодоци.

Дуелот меѓу Монпелје и Вардар се игра во сабота со почеток во 17:30 часот.

 

Најново во Ракомет