СТАРТ ОД СОНИШТАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ВО ЛШ

ОВА Е НОВА ЕРА, КРАЛОТ Е НА КОЛЕНА: Вардар го „бомбардира“ Монпелје

Стартот од соништатаза македонскиот првак на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, на гостувањето кај бранителот на титулата Монпелје славеше со 24-27.  

објавено: 15 септември 2018 - 18:59

Вардар на дело покажа дека има што да понуди сезонова, иако го промени ликот на тимот на кој бевме навикнати годините наназад, навиките останаа исто. Храбра, дрска игра ги красеше момците во францускиот град. Избраниците на Роберто Гарсија Парондо играа без „пардон“, на гостувањето кај бранителот на титулата славеше со 24-27. Во вистинско светло се покажа Дејан Милосављев. Српскиот интернационалец беше феноменален на голот, особено во првото полувреме, на крајот имаше 16 интервенции. Во одлично издание се покажа и Сташ Скубе, на ниво на задачата беше Вуко Борозан, кој со осум погодоци беше прв стрелец. 

Актуелниот и некогашниот освојувач на титулата понудија вистинско дерби на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. Мечот тргна изедначено водството се менуваше постојано, „црвено-црните“ во 11. минута имаа предност од 4-6. Две грешки на „црвено-црните" беа доволни за да европскиот првак израмни на 6-6 (Порт и Симонет), имаше шанса да поведе, но одново српскиот голман беше на ниво на задачата, како и одбраната.

Вардар имаше шанса одново да поведе со плус два, избрниците на Роберто Гарсија Парондо не успеаја да ја искористат предноста од играч повеќе, на голема среќа Монпелје само израмни, благодарение на Милосављев кој одбрани седмерец.

Во 25. минута Милосављев имаше три интервенции во серија, но штета Вардар не искористи. Долго време на семафорот стоеше 9-9. Симонет конечно успеа да стигне до голот на нашиот тим, погоди за 10-9. Борозан врати со бомба за 10-10. Црногорскиот репрезентативец не дозволи Монпелје да се разигра, одново беше прецизен за 11-11.

Тука и тргна серијата од 4-0 во креација на Борозан, Чупиќ и одличниот Милосављев за највисоко водство од 11-14 во 32. минута. Позитивата од три гола, македонскиот првак ја одржуваше до 40. минута, по голот на Скубе за 15-18, следеше неверојатен пресврт на Монпелје во 43. минута по подолго време поведе со 19-18.

Парондо повика тајм-аут, кој вроди плод. Кисељев, Карачиж и Милосвљев ја врати позитивата, а мечот влезе во неизвесна завршница. Се играше гол за гол. Во 51. минута Кристопанс го имаше мечот во раце при 22-23 не ја казни одбраната на Монпелје за помирен финиш. Ова им успеа на Карачиќ и Чупиќ, во 26. минута ги вратија највисоките плус три 22-25, а за мирна завршница се погрижи Мораес 23-27. На крајот победата беше повеќе од заслужена. 

Најново во Ракомет